ВМРО-ДПМНЕ: Ни самиот Бошњаковски не верува во тоа што го зборува

По денешната прес конференција на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, партијата
ВМРО – ДПМНЕ реагираше со писмено соопштение.

-Паѓаат во вода и последните очајни обиди на СДС со лаги и со манипулации да добие поен плус кај гласачите. Сè што е направено е преземено во согласност со закон, за што е донесена и одлука на влада и има позитивно мислење од законодството на владата на РМ – се наведува во соопштението.

-Наводите изнесени од Бошњаковски се целосно неточни и претставуваат крајно тенденциозен обид во очи на изборите да се манипулираат граѓаните. Тоа е очаен потег на очајни луѓе. Според логиката на СДС, на Роберт Поповски, Љупчо Бубо Каров, Марјан Забрчанец, Зоран Бојаровски, Бојан Мaричиќ, Петрит Сарачини и Дарко Лешоски можат да му бидат советници и истите да бидат плаќани илјадници евра од парите на граѓаните, а Груевски не смее да има тројца советници кои донесоа нови 10.000 работни места – велат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „скапо платената плејада на демаскирани граѓански активисти на Заев од државниот буџет цедат илјадници евра, без притоа државата да има реална добивка од тоа“.

-Ни самиот Бошњаковски не верува во тоа што го зборува и по одразот на лицето му се познава дека сè што зборува го зборува под невиден притисок и диктат – нагласуваат  во соопштението.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...