ВМРО ДПМНЕ: Новата Влада антиреформска

Новата Влада не губи време да го оправда епитетот антиреформска – велат од ВМРО ДПМНЕ  во денешното соопштение, во кое истакнуваат дека првата мерка на Владата на ВМРОДПМНЕ во 2014-та година бил законот за отпис на долгови, а првата мерка на Владата на СДСМ во 2017-та година е рушење на нешто што е веќе изградено.

– Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата „Кембриџ“ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим. Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите. Граѓаните се против антиреформи. Тие очекуваат СДС да го исполни ветеното. Да не се реализира Тиранската Платформа и да се изградат нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а лекарите со право се надеваат дека час поскоро ќе добијат плати од 100.000 денари, кои СДС им ги вети – се вели во соопштението.

Граѓаните, додава, се во исчекување и на дополнителни 30.000 денари годишно, кои Заев ги ветуваше како поврат на 15 проценти од ДДВ. Граѓаните очекуваат отпочнување на преговори за членство во ЕУ и влез во НАТО без да се задира во македонскиот идентитет.

– СДС нема да може вечно да живее на кредит употребувајќи го зборот „ќе“ и со лажни вести да се обидува да го дефокусира вниманието од ветувањата кои ги даде, обидувајќи се да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се мудри и знаат што значи влада која работи за нивно добро. Граѓаните ја гледаат разликата, а ќе ја види и СДС на првите наредни избори – се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...