ВМРО-ДПМНЕ: Се игнорира и изигрува волјата на мнозинството

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница, анализирајќи ја актуелната политичка состојба во државата, оцени дека е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада без да учествува во идната извршна власт – соопштија денеска од партијата.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека како партија се спротиставуваат на обидите да се игнорира и изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на останатите етнички заедници кои својот глас го дале за Коалицијата „За подобра Македонија“.

– Реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија и оди спротивно на мултиетничкиот карактер на државата, ставајќи ги припадниците на останатите етнички заедници во подредена позиција – се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, дел од членовите на Предлог законот за јазици на којшто се согласил СДСМ, а биле обелоденети во медиумите, се целосно неприфатливи и исклучително опасни и штетни по државните и националните интереси.

– Ваквите предлози и отстапки на СДСМ може да предизвикаат долгорочна штета и носат огромен потенцијал за да предизвикаат тензии и нестабилност на подолг период. Истовремено, голем дел од решенијата кои беа обелоденети со ништо нема да им помогнат за подобар живот на албанците во Македонија. Одговорноста за ваквата ситуација е целосно на товар на СДСМ кој не ја доби поддршката од граѓаните на предвремените парламентарни избори и се обидува на срамен начин, преку тргување со државните и национални интереси да обезбеди поддршка за формирање влада – нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет, како што се посочува во соопштението, заклучил дека партијата и избраните пратеници ќе се спротивстават на донесувањето на ваков закон и ќе преземат соодветни мерки за да ја заштитат волјата на мнозинството.

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close