ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Гостивар и Тетово

vmro-dpmne

Носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ во 6тата Изборна единица Влатко Ѓорчев синоќа пред тетовчани изрази благодарност на своето членство, а воедно и го повика членството на СДСМ да се приклучи кон нивната партија .

– Во Тетово граѓаните имаат јасен избор и ќе можат да гласаат за личност која силно ќе ги брани државните интереси, ќе стои зад технолошки индустриската зона и многу други проекти – рече Ѓорчев.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и реалноста на новата програма на партијата и на Коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во Изборната единица 4, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Тетово.

Победата е изработена со сите проекти и дела кои ги ветивме и реализиравме и исполнивме. Изработена е со над 160.000 нови работни места… Таа победа доаѓа и од квалитетот и реалноста на новата програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од над 500 страници долго подготвувани, обмислени, реални проекти, со рокови за нов напредок на сите граѓани на Република Македонија – рече Груевски.

Тој повторно порача дека најсилната гаранција за завршување на кризата е во добивањето на 63 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и од Тетово го обвини лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев дека ги распродава државните и националните интереси на Македонија.

На митингот во Тетово говореше и кандидатот за пратеник во шестата И.Е Горан Манојловски.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger