ВМРО-ДПМНЕ со порака со Заев: Отфрли ја платформата од Тирана, ја имаш нашата поддршка

Зоран Заев би го продал и најмилото и највредното само за да се дограби до власт. Затоа Заев влезе во нова авантура. Одлучи да става на маса и да продава нешто што не е негово. Одлучи да ја продава и редефинира Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана… ВМРО-ДПМНЕ е свесен дека Заев заради својата патолошка желба за власт е подготвен на се. Прифаќањето на катастрофалните уцени и на него и на СДСМ ќе им предизвика штета на среден и долг рок. Ќе бидат запаметени како уште една огромна црна дамка во историјата. Сепак за нас е поважно тоа што штетни последици од антидржавното однесување на Заев ќе трпи Република Македонија.

Затоа ВМРО цени дека е помала штетата да му се удоволи патолошката желба на Заев за власт, отколку граѓаните на долг рок да ја плаќаат цената. ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира понудата до Заев да се откаже и да ја отфрли платформата од Тирана и антидржавните проекти, а за сметка на тоа ќе ја добие поддршката во Собранието“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close