„ВМРО за Македонија“ во Тетово

koalicija-vmro-za-makedonija

Европски начин на водење на локалните единици со цел полесна интеграција во Европската Унија – главна цел на програмата на „ВМРО за Македонија“ претставена вчера во Тетово.

Тотална децентрализација на Република Македонија на тој начин сметам дека ќе се избегне кавгата помеѓу македонци и албанци која остана од пред 10 години рече Љубчо Георгиевски од Коалицијата за „ВМРО за Македонија“  на вчерашната трибина одржана во Тетово.

Само преку целосна децентрализација Македонија ќе ги надмине мултиетничките проблеми,економски ќе се развива и само така ќе се спречи исселувањето на младите од земјава смета тој.

Љубе Бошковски им посака слобода на сите граѓани на Македонија и на оние во Тетово.

Стојанче Ангелов го претстави носителот на листата на „ВМРО за Македонија“ во 6 тата избора единица , воениот пилот Зоран Велковски кој во 2001 ва година војуваше за Македонија и за Тетово потенцираше Ангелов.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ е составена од три партии  ВМРО Народна ,  Обединети за Македонија   и  Достоинство.

 



Додади коментар

Би те интересирало и

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger