Водечкиот француски готвач Алан Сендерен почина на 78-годишна возраст

Тој беше еден од последните големи креатори во Париз. Тој беше визионер, рече Падловски за човекот, кој заедно со Пол Бокус, Мишел Жерар и други готвачи ја започнаа „Новата кујна“ во 60-те и 70-те години на минатиот век.

Никогаш нема да те заборавиме мил Алан. Веќе ни недостасуваш, напиша Падловски на својот блог.

Движењето „Нова кујна“ се карактеризира со елегантна презентација на јадења, кои покрај тоа се и поделикатни од традиционалните француски „тешки“ специјалитети.

Сандерен со децении беше најпознатиот готвач во Франција. Тој ја „сврте наопаку“ француската гастрономија со смелите комбинации на слатки и кисели вкусови, како јастог и ванила, па дури и реконструираше и древни рецепти како печени патки од готвач, кој датира од периодот на Стариот Рим.

Тој беше еден од првите кои се осмели да каже дека сирењето треба да се служи со бело вино.

Би те интересирало и

На аукција писмо од Титаник, се очекува да надмине 100.000 долари

Писмо пронајдено кај еден човек кој загинал во потонувањето на Титаник се очекува да достигне ...

Рахој: Шпанската Влада го започна процесот на суспендирање на каталонската автономија

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој денеска најави дека Владата го отпочнува процесот на одземање на автономијата ...