Возач загина во сообраќајка во Кочани – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Возач загина во сообраќајка во Кочани

Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани загина во сообраќајна несреќа, која се случила изутринава во 01:45 часот на улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани.

Н.Н. управувајќи патничко возило „Форд“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во дрво покрај патот, а потоа во метален сообраќаен знак, по што се превртел. Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, каде починал – соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани.

Би те интересирало и

Во куќа пронајден мртов штипјанец

Во куќа на улица ,,Сутјеска“ пронајден е мртов штипјанец. Првичните сознанија говорат за убиство. Според ...

Тројца скопјани искасани од кучиња во Центар

Тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во Центар, поточно ...