Вонредна состојба во Калифорнија, најмалку 10 загинати во пожари

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба во три окрузи недалеку од Сан Франциско поради 14 големи пожари во кои загинаа најмалку 10 луѓе.

Состојбата е најлоша во познатите вински подрачја Напа и Сонома каде се евакуирани повеќе од 20.000 луѓе.

Големите пожари проголтале 1,500 објекти, десетици луѓе завршиле во болница, а има и исчезнати.

Американскиот метеоролошки завод издаде предупредвуање и за целиот брег на Сан Франциско имајќи предвид дека силните ветрови го носат огнот кон тоа подрачје.

Си-би-ес наведува дека пожарот на подрачјето на Напа е најголем од 1981 година кога биле уништени 65 објекти, а вкупната штета беше проценета на 36 милиони долари.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Историски ден за Зимбабве – Новиот претседател положува свечена заклетва

Толпа народ се собра на фудбалскиот стадион во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да ...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите ...