Воспостaвeн железничкиот товарен сообраќај со Солун

179016

Откако мигрантите кај Идомени во Грција околу седумдесет денови ја имаа блокирано пругата на Коридорот 10, повторно е воспоставен железничкиот товарен сообраќај меѓу Скопје и Солун. Денеска е предвидено од Солун да заминат два товарни возови, а едниот од нив со товар на КОСКО кон централна Европа.

Грчката железница планира до крајот на неделата сообраќајот целосно да се нормализира и да поминуваат седум од вообичаено деветте товарни возови кон Македонија и Србија. Со релокацијата на бегалците од Идомени во бегалските центри во Солун, која заврши минатиот четврток, линијата беше ослободена, но од грчката железница вршеа проверки со цел да се осигура дека нема некакви проблеми.

Грчката железница се соочи со голема загуба од оваа блокада. Финансиската штета е 2,75 милиони евра, сума која го надминува минатогодишниот профит на железницата од 2,5 милиони евра, а истовремено сериозно влијае на довербата која странските клиенти и компании имаат во способноста на „Треносе“ да врши константен и безбеден превоз на нивните стоки од солунското пристаниште до Европа.

Би те интересирало и

САД очекуваат фер и демократски локални избори во Косово

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави изјави дека очекува локланите избори во Косово, што ќе ...

Жителите на Косово в недела бираат органи на локалната власт

Речиси 1,9 милиони жители на Косово в недела ќе гласаат за избор на нови органи ...