Во Австралија пронајдени седум жртви со прострелни рани – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Австралија пронајдени седум жртви со прострелни рани

На имот во руралното подрачје на австралискиот град Осмингтон пронајдени се седум тела со прострелни рани. Меѓу убиените четири се деца и тројва возрасни.

Полицијата не соопшти повеќе детали освен дека на местото на инцидентот пронајдено е оружје.

Телата на двајца возрасни пронајдени се надвор од куќата. Се претпоставува дека убиените живееле на имотот и оти се во семејна врска.

Осмингтон е град во западна Австралија, оддалечен околу 280 километри од Перт.

Ако се потврди дека е масовно убиство, тоа ќе биде втор таков случај во Австралија по масакрот во Тасманија, кога во 1996 година беа убиени 35 луѓе.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...