Во близина на Тетово промовирана претоварна станица за смет

Покрај Автопатот Скопје – Тетово во близина на клучката за тетовското село Требош, беше промовиран објект каде тетовското комунално претпријатие ќе го претовара сметот. Во објектот ќе се носи сметот собиран на дневна основа кој потоа ќе се претовара во посебни контејнери кои ќе се носат во скопската депонија Дрисла.

Директорот на Јавното комунално претпријатие Џелал Цека, рече дека со овој проект ќе се реши проблемот со сметот во градот, кој досега се одлагаше и претовараше на локацијата во близина на тетовската населба Деребој.

Тој додаде дека за неколку недели ќе се исчисти дивата депонија, во близина на населбата Деребој.

Инаку за одржување на претоварната станица за смет денеска советот на Општина Тетово од својот буџет одобри 7, 5 милиони денари.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...