Во Бразил формирана нова Влада – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Бразил формирана нова Влада

133167956

Вршителот на должност претседател на Бразил, Мишел Темер вчера формира нова Влада – пренесе ТАСС. Церемонијата на стапување на должност се одржа во официјалната резиденција на претседателот, палатата Планалто во главниот град Бразилија.

Во првото обраќање пред Бразилците како претседател, Темер изјави дека негов приоритет ќе биде заживувањето на бразилската економија. Досегашниот заменик-претседател ја презеде претседателската функција вчера, откако Сенатот гласаше за отстранување од функцијата на Дилма Русеф во рамки на процедурата за импичмент.

Темер повика кабинетот составен од него да се претвори во Влада за национален спас, како и земјата да се обедини.

„Имаме итна потреба да ги надминеме поделбите во општеството и да ја обединиме земјата. Итно ни е потребна влада на национален спас“, посочи тој.

„Целосно сум уверен дека треба да ја вратиме довербата кон Бразил и да привлечеме инвестиции и да создадеме работни места“, нагласи 75-годишниот Темер.

Би те интересирало и

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување полетал од аеродромот Гетвик кон Маурициус, бидејќи ...

Франција ја повика Турција да ја прекине офанзивата против сириските Курди

  Франција денеска ја повика Турција да ја прекине офанзивата против сириските курди. „Тие борби ...