Во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи денеска граѓаните ќе избираат градоначалници во 35 општини – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи денеска граѓаните ќе избираат градоначалници во 35 општини

Од скопските општини ќе се гласа во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари и Сарај.

Во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел ќе се гласа меѓу кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, во Чаир и во Сарај меѓу кандидатите на ДУИ и на БЕСА, а во Шуто Оризари меѓу кандидатот на СДСМ и кандидатот на Сојузот на Роми.

Од останатите општини втор круг ќе има во Штип, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Виница, Демир Капија, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кавадарци, Пробиштип, Градско, Јегуновце, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Могила, Зрновци, Новаци, Брвеница, Чешиново-Облешево, Боговиње, Врапчиште, Долнени, Желино, Липково, Теарце, Студеничани и Карбинци.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани градоначалник на Град Скопје и градоначалници во 45 општини. /МИА

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...