Во вторник задолжување на домашниот пазар на новата власт

За сума од 345.000.000 денари, или околу 5,6 милиони евра, во вторник ќе се задолжи новата власт на домашниот пазар, сума идентична која достасува за враќање на стари долгови, веќе следниот ден, во среда.

Според проспектот за задолжување, објавен на веб-страницата на Министерството за финансии, станува збор за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со каматна стапка од 3,80%. Заемот треба да се врати до 2032 година. Oвој заем, всушност е предвиден во календарот на задолжувања на старата власт.

Од новиот состав на Министерството за финансии, за Макфакс потврдија дека сè уште не се објавени податоците за идните задолжувања до крајот на годината на новата власт.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Институциите спроведуваат 70 отсто од препораките на ревизорите

Околу 70 проценти од препораките кои Заводот за ревизија им ги дал на државните институции ...

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

До крајот на годинава Македонија ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии ...

Close