Во Гостивар промовиран портал кој содржи информации за постапките околу вадење документи и други административни процедури – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Гостивар промовиран портал кој содржи информации за постапките околу вадење документи и други административни процедури

Гостиварци отсега сите детални информации за разни административни постапки и и процедури кои треба да ги завршат, ќе можат да ги добијат преку порталот Е регулација, кој денеска се промовираше во Гостивар. Ова е прв портал од ваков вид во Македонија.

Тој содржи и информации како полесно граѓаните да извадат градежни дозволи, како да уплатат данок, регистрираат фирма и слично, изјави Лелја Небиу која беше дел од тимот која го изработуваше порталот.

Порталот е изработен со подршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје и Обединетите нации. Засега е на албански и англиски јазик а во наредниот период, ќе се преведе на Македонски и Турски.

Би те интересирало и

Сообраќајот затворен од Пршовце до Јегуновце, а по една коловозна лента од Прилеп до Прилепско Езеро

Поради изведување градежни работи затворен за сообраќај денеска и утре ќе биде патниот правец Пршовце-Јегуновце. ...

Времето денеска: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе ...