Во затвор и вториот брат Даневски

zoran-danevski1

Поранешниот директор на државната Дирекција за ветеринарна управа Зоран Даневски, од пред неколку дена е во штипскиот затвор, каде неговиот брат Слободан, поранешен пратеник и градоначалник на Свети Николе е веќе една година.

Помалиот брат Даневски, беше екстрадиран од Бугарија, кој се бараше со потерница. Зоран Даневски бил откриен при рутинска контрола од сообраќајна полиција, додека се возел во автомобил со уште три други лица. Сообраќаецот утврдил дека Даневски е барано лице на потерница, по што бил уапсен и веднаш испорачан на македонските власти.

Зоран Даневски во Македонија се бара од ноември 2011 година кога пребега во Бугарија, откако беше осомничен за проневера на 5.400 тони жито од стоковите резерви вредни милион и пол евра. Осуден е на четири години затвор за повеќе злоупотреби на службената положба како извршен директор во пропаднатиот агрокомбинат „Џумајлија“. За Даневски има уште неколку неправосилни пресуди во штипскиот Основен суд. За истото дело во затвор веќе една година е неговиот брат Слободан Даневски, кој беше претседател на Управниот одбор на „Џумајлија“.

И додека во бугарските медиуми нема ни збор за екстрадицијата, во Свети Николе се зборува дека Зоран Даневски е есктрадиран бидејќи снемал пари и не можел повеќе да ја плаќа слободата во Бугарија. Во бугарското гратче Гоце Делчев, Даневски водеше бизнис со пелети, што беше сосема легален, додека се водеше спор во судот во Благоевград по барањето на потерница. Адвокатите на Даневски се обидуваа да го задржат порадни неговиот бугарски пасош, па се повикуваа на милост од бугарската држава. Бизнисот со пелетите пропаднал, па Даневски од пред некој ден е во штипскиот затвор. Зоран не е во иста ќелија со неговиот брат Слободан, кој одлежува четиригодишна затворска казна. Според затворските правила, Зоран Даневски триесет дена ќе биде во тнр. Приемно одделение, по што ќе биде препраспределен.

Браќата Даневски својот врв во политиката и бизнисот го достигнаа во време на владата на Љубчо Ѓеоргиевски. Акционерите во најголемиот агрокомбинат во Источна Македонија со години се обидуваа низ документи да докажат дека браќата направија пустош во комбинатот, ги злоупотребија сите видови на државна помош, манипулираа со стоковните резерви и имотот на „Џумајлија“. Судските пресуди го потврдија направениот криминал.

Од некогашните звучни имиња на функционери осудени за криминал, кои се бараат по потерница остануваат уште Драган Даравелски, кој е бизнисмен во Белград и Владислав Тамбурковски, кој е универзитетски професор во Бугарија. На двајца им е позната адрестата, имаат правосилни пресуди, меѓутоа и натаму остануваат на слобода во „пријателските земји“.

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...