Во Истанбул посаден „килим“ од лалиња

Огромен „килим“ од 564 илјади лалиња е „исткаан“ во историскиот центар на Истанбул, во реонот меѓу „Света Софија“ и џамијата „Султан Ахмет“.

Според весникок „Сабах“, „килимот“, кој има традиционални мотиви е во црвено-жолто-беа комбинација и се простира на површина од точно 1.453 метри квадратни.  Оваа бројка е намерно избрана, бидејќи во 1453 година Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Инстанбул.

„Сабах“ нагласува дека ова е до сега најголемиот „килим од лалиња“ во светот.

Лалињата искористени за „килимот“ потекнуваат од источна Турција и од степите  во Централна Азија, каде овој цвет првично бил култивиран од Турците Османлии и подоцна пренесени во Истанбул.

Додади коментар

Би те интересирало и

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ на средба со Дескоска и Таравари

 Министерството за образование и наука ќе вклучи претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“ во работните ...

Македонија со победа во Украина ќе обезбеди пласман на Европско првенство

Македонската ракометна репрезентација денес во Украина ја има првата можност да обезбеди пласман на Европското ...

Close