Во Италија запленета албанска марихуана вредна три милиони евра

marihuana-paketi-630x320-2

Италијнската полиција во областа Катанија заплени над тон марихуана по потекло од Албанија.

Италијанските медиуми, наведуваат дека дрогата пристигала од Албанија со моторен чамец и на италијанскиот нарко пазар требала да биде продавана на мало. Вредноста на запленетата дрога се проценува на три милиони евра, а во aкацијата се уапсени и шест италијански државјани.

Грчката полицијата пак заплени 180 килограми марихуана, исто така прошверцувана од Албанија.

Уапсени се двајца грчки државјани на возраст од 26 и 33 години, во чие возило била дрогата. Тие признале дека дрогата ја набавиле во Албанија.

Пред два дена италијанската полиција во пристанишниот град Бари запленила 1.550 килограми марихуана прошверцувана од Албанија, додека истиот ден во три одделени акции, албанската полиција, заплени 320 килограми од оваа дрога.



Додади коментар

Би те интересирало и

„Блиц“: Терористот од Лондон убивал Срби во ’90-те години во Босна

Халид Масуд, кој во средата изврши терористички напад во Лондон, за време на војната во ...

Ако се распадне ЕУ, ќе има нова војна на Балканот

Првиот човек на Европската комисија Жан ­Клод Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger