Во Крива Паланка врачено уверението на новиот градоначалник, Борјанчо Мицевски

Општинската изборна комисија од Крива Паланка, на свечен начин денеска го врачи уверението на новоизбраниот градоначалник, Борјанчо Мицевски од редовите на СДСМ и коалиционите партнери.  Мицевски пред вработените во општинската администрација изрази благодарност за укажаната доверба од страна на граѓаните како и за како што рече, мирните, фер и демократски избори.

„Наша задача во наредниот период е Крива Паланка  да биде општина со којашто сите ние ќе се гордееме“, рече Мицевски.

Денес, откако беше доделено уверението на новиот градоначалник, поранешниот и сегашниот прв човек на градот си подадоа рака. На своите досегашни соработници од општинската администрација, поранешниот градоначалник Арсенчо Алексовски им се заблагодари за успешната соработка, а на својот наследник му посака успешна работа.

По 8 години градот добиградоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, откако два мандати на чело на општината беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ. По доделувањето на уверението, Мицевски и Алексовски во градоначалничкиот кабинет извршија примопредавање на функцијата. Доделувањето на уверенијата за новите советници во општинскиот совет ќе се случи идната недела.

 

Билјана Тошевски

 

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...