Во Крива Паланка истепан возач кој најавувал митинг на партија

Кривични пријави за насилство добија тројца жители на Крива Паланка, од кои еден е малолетник, поради тоа што истепале возач на автомобил облепен со плакати на политичка партија, со кој преку разглас се најавувал митинг на партијата – објави агенцијата Мета.

Полициската станица од Крива Паланка поднела кривична пријава против В.С. (39) и Т.А. (45), двајцата од Крива Паланка, а против 17-годишен малолетник од Крива Паланка е поднесено известување до ОЈО Куманово.

Според пријавата, на 30 септември, околу 15.30 часот, на улицата Единство во Крива Паланка, тројцата му пришле на О.С. (24) од Крива Паланка, кој управувал „опел зафира“ обелепен со плакати на политичка партија и на кандидат за градоначалник на општина Крива Паланка, и 39-годишникот побарал да се изгасне разгласот.

Потоа малолетникот почнал да го удира возачот со тупаници, а третиот пријавен го грабнал возачот за врат и го извлекол од возилото, по што продолжил да го удира, заедно со други лица. На возачот му биле нанесени телесни повреди.

 

Извор: www.meta.mk

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...