Во Македонија има осум илјади зависници од дрога – една четвртина се под третман

Осум илјади проблематични зависници од дрога има во земјава, а близу една четвртина од нив се вклучени во програмите за третман и грижа.

Според Доц. Д-р Лилјана Игњатова претседател на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги, бројката на таканаречените проблематични зависници ( оние кои ја инјкетираат дрогата директно во крвта или подолг временски период констатно ја употребуваат) е намалена во споредба со истражувањата од 2010 година кога биле регистрирани околу 10 илјади зависници. Притоа во некоја од програмите за третман и грижа се наоѓаат 23 проценти од зависниците што се смета за средна покриеност барем во регионални рамки. Меѓу зависниците во Скопје кои се покреини со програмите нема регистрирано малолетници, но во Битола има и мала бројка на лица под 18 години ( но не под 16 години) кои се наоѓаат во групата на проблематични уживатели на дроги и психотропни супстанци.

Пред денешната презентација на „Евалуацијата на програмите за третман и грижа на лица кои употребуваат дрога во Република Македонија“ во ЕУ Инфо Центарот, Д-р Игњатова рече дека зависниците и натаму се соочуваат со стигматизација и извесна дискриминација, имаат проблем со наоѓањето работа и воопшто со реинтеграција во заедницата. Притоа, лекарите особено оние помладите, не се воодушевени од работата со овој профил на луѓе и затоа има постојан дефицит на стручни лица во установите. Инаку Игњатова потенцираше дека евалуацијата на програмите за третман и грижа на зависници е спроведена според најновите меѓународни стандарди за третман на растројства од употреба на дрога, а истражувањето е спорведено со поддршка од Програмата на УНОДЦ на Светската здравствена организација. Во истражувањето биле вклучени владини институции, граѓанскиот сектор, приватни здравствени организации и самите корисници на програмите.

Превземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close