Во Македонска Каменица се одбележа една од најкрвавите битки во Втората балканска војна

Во рамките на 104-та годишнина од Брегалничката битка кај месноста Говедар кај каменичкото село Долна Цера, денеска делегација од претставници на српската заедница во Македонија положија свежо цвеќе во спомен-костурницата во селото.

Милутин Станчиќ, претставник на српската заедница во Македонија по тој повод истакна дека датумот на една од најкрвавите битки во Втората балканска војна од недамна се одбележува и во селото Цера во рамките на програмското добележување како државен празник на Србија.

Тој додаде дека спомен-костурницата која е во многу лоша состојба е планирано да се реконструира.

Инаку, спомен–костурницата во три мермерни саркофази ги чува посмртните останки на илјадниците војници, кои загинале во битката кај Говедар во јули 1913 година. Таа се наоѓа во подрумските простории на училиштето во Долна Цера, а е градена во 1937 година од страна на тогашната српската власт.

Инаку, битката кај Говедар е една од најкрвавите битки и овде загинале или биле ранети 16,500  српски и црногорски и 25 илјади бугарски војници, но и многу македонски војници кои биле присилно мобилизирани од двете страни на границата.

Би те интересирало и

Запрена е изградбата на шестоседот на Попова Шапка

Компанијата ЕЛЕМ, која стопанисува со скијачкиот центар Попова Шапка започнала да гради жичница на центарот, ...

Министерството за правда достави барање до судот за подготовка на документите за екстрадиција

  Министерството за правда попладнево соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за ...