Во напад во Бурунди загинаа најмалку 26 цивили – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во напад во Бурунди загинаа најмалку 26 цивили

Непознати вооружени напаѓачи денеска убија најмалку 26 луѓе, а десетмина се повредени во село во северозападниот дел на Бурунди – соопшти министерот за безбедност Ален Гијом Буњони, додавајќи дека масакрот е извршен од „терористичка група“.

Според локалните власти, бројот на жртвите би можел да биде и поголем бидејќи потрагата за настрадани лица продолжува.

Очевидец тврди дека нападот бил извршен со пушки и ножеви, а напаѓачите запалиле и куќи во селото.

– Криминалците влегувале од куќа во куќа и извршиле вистински масакр. Некои од жртвите се заклани, други застрелани, а едно цело семејство е живо запалено во својата куќа, изјавил официјален претставник.

Причината за нападот и идентитетот на сторителите се уште не се познати, но локалните жители велат дека тие по нападот заминале во правец на ДР Конго.

Во Бурунди на 17 мај треба да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали да се продолжи претседателскиот мандат од пет на седум години, што ќе му овозможи на поранешниот бунтовнички лидер и актуелен претседател Пјер Нкурунзиза, кој е на власт од 2005 година, да управува со земјата уште 14 години, односно до 2034 година, бидејќи сегашниот мандат му истекува во 2020 година.

Најавата на Нкурунзиза во 2015 година дека ќе се кандидира за трет мандат ја доведе земјата во политичка криза, во која најмалку 1.200 луѓе загинаа, а над 400.000 се раселени. Во врска со тоа Меѓународниот кривичен суд отвори истрага.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...