Во невремето во Чиле четири жртви, милиони без вода за пиење – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во невремето во Чиле четири жртви, милиони без вода за пиење

Повеќе од 1,4 милиони домаќинства во престолнината Сантјаго де Чиле во неделата останаа без вода за пиење поради силните дождови во централниот дел од земјата од каде што градот се снабдува со вода, изјави гувернерот на главниот град на Чиле.

Врнежите започнаа во саботата и предизвикаа одрони на земјиште во реката Маипо, која го снабдува со вода голем дел од Сантјаго, град со околу 6,5 милиони жители.

Недостигот од вода опфаќа повеќе од 60 отсто од населението на главниот град.

„Околу милион и 450 илјади домаќинства се погодени од недостигот од вода за пиење…, вода нема целосно или делумно во 30 градски населби“, изјави на прес-конференција гувернерот на Сантјаго, Клаудио Орего.

Поради одроните на земја и високите водостои на реките околу 3.300 луѓе се отсечен од светот, главно во централните региони на Чиле.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Села треба да сведочи за насилството во Собранието

Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска во Кривичниот суд треба да ...

Иран: Во авионската несреќа загинале 65 лица, 66-тиот патник не стигнал на летот

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека во авионската несреќа што се случи утрово загинале ...