Во одделни кражби украдени 18.000 евра и пиштоли

Три тешки кражби биле извршени во неделата во Скопје, Битола и во Штип, при што крадците однеле 18.000 евра, македонски и австрлиски пасоши, два пиштола, златен накит, лап топ, часовници и бижутерија.

Имено, во неделата од 18 до 21 часот во Битола на ул. „Довлеџик“, во куќата сопственост на Д.К. (49), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил помошната влезна врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 18.000евра, четири македонски патни исправи, четири австралиски патни исправи, четири рачни часовници, златен накит, женски чанти, мобилен телефон и лап-топ компјутер, по што го напуштил местото на настанот.

Во Штип пак, на ул.„Широк Дол“, во станот на Д.М. (47), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот се качил на гаражата, која е прилепена до зградата, насилно го отворил прозорот од кујната, влегол внатре, извршил пребарување и одзел еден пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9мм, телевизор и разновидна бижутерија. Од станот сторителот се упатил во подрумската просторија, во која насилно ја отворил на влезната врата, извршил пребарување и одзел разновиден алат, по што побегнал во непознат правец.

Б.Б. (55) од населба Илинден-Скопје пријавил дека во периодот од 18.40 часот во саботата до 00.30 часот во неделата година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот преку незаклучената капија влегол во дворот, ги одвртел сијалиците кои биле вклучени на предниот дел од куќата и со употреба на погоден алат ја разбил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“, 33 куршуми за пиштол калибар 9мм и разновиден златен накит, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...