Во Охрид годишна конференција на регулаторните тела за електронски комуникации на државите од регионот

Анализа на телекомуникацискиот пазар, управувањето со Интернетот, предизвиците во широкопојасниот интернет и новите трендови, улогата на медиумската писменост, приватноста и заштитата на податоците, како и актуелната тема за воведување 5Г мрежа, се главните теми на расправа на годишната Меѓународна регулаторна конференција што во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од денеска се одржува во Охрид.

Претставници на регулаторните тела за електронски комуникации на државите од поширокиот регион, на операторите, на техничкиот сектор, експерти, на владини и невладини иституции наредните три дена ќе ги презентираат своите искуства и модели на управување во областа на електронските комуникации во изминатиот период.

„На средбата во Охрид се присутни претставници на државите со кои Македонија има склучено регионален договор за сукцесивно намалување на цените на роаминг-услугите. Тоа е процес спроведен самоиницијативно, додека за натамошно намалување на цените останува на самите оператори да се откажат од нивните приходи. Всушност тука се работи за своевидна борба меѓу државата и операторите кои имаат огромни приходи од наплатата на роаминг-услугите“, истакна директорот на АЕК, Сашо Димитријоски.

Што се однесува на најавите за воведување трет мобилен оператор во Македонија, Димитријоски појасни дека постои интерес на одредени компании за такви активности, но оти можеби поради актуелната политичка криза во земјата се уште отсуствуваат конкретни понуди.

„Нашата Агенција направи се што е потребно да овозможи услови за влаз на нов оператор. Ослободивме нов фрекфентен простор, изменета е регулативата, сите услови се остварени, Реализирани се конктакти со оператори, имаше и име интерес, но засега ситуацијата е ставена на стенд-бај“, рече Димитријоски.

Во рамки на собирот во Охрид се одржува и третата конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа (SEEDIG), иницијатива призната од Обединетите нации, предводена од Форумот за управување со интернет. Иницијативата само по себе не е тело што донесува одлуки, но претставува отворен инклузивен и транспарентен начин за собирање идеи, размисли, поставување нови проблеми и теми кои ја засегаат областа.

„Она што ќе произлезе од дискусиите ќе биде сумирано во пораки кои ќе го креираат ставот на државите од регионот, што потоа ќе ја претставува официјалната позиција на регионот по однос проблематиката пред паневропските и глобалните тела што ја упредуваат областа на електронските комуникации“, истакна Сорина Телеану, од извршниот комитет на SEEDIG.

Заедничко организирање на двата настани е наменски осмислено со цел да се создаде синергија помеѓу управувањето со Интернет и телеком-заедницата, за да се развијат дискусии на теми од заеднички интерес.

Додади коментар

Би те интересирало и

Продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница

Собранието денеска изгласа продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради зголемен ...

Во Македонска Каменица се одбележа една од најкрвавите битки во Втората балканска војна

Во рамките на 104-та годишнина од Брегалничката битка кај месноста Говедар кај каменичкото село Долна ...

Close