Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“

Играниот филм „Дедо и внук“ на сценаристот и режисер, Илија Пиперкоски во продукција на Пандора’с бокс продукција, а во соработка со Дрим Фектори и Елиен Филм, почна да се снима во Охрид.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал и Даниела Ивановска.

Авторска екипа ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Додади коментар

Би те интересирало и

Силни бури и ветар од 130 км/час удрија врз хрватскиот полуостров Истра

Силни бури зафатија делови од Хрватска, а најтешка беше ситуацијата на Полуостровот Истра, каде ударите ...

Најмалку 200 лица загинаа во свлечиштата во Конго

Властите во Конго стравуваат дека најмалку 200 лица го загубија животот во свлечиштата, што се ...

Close