Во пожар целосно изгоре основното училиште во тетовско Ново Село

Пламените јазици го зафатиле училиштетот вчера попладне. По пријавата на пожарот, тетовската против пожарно единица, испеала да ја ликвидира огнената стихија, која го проголтала цело училиште.
„Среќа е што интервениравме навреме и спречивме пожарот да не се прошири во соседните објекти“, рече Ука Алити, командир на Тетовската против прожарна единица.
Во гасењето на пожарот учествувале и селаните. Нема повредени, предизвикана е само материјална штета.
Во изгорениот објект на основното училиште во Ново Село кое припаѓа под Општина Боговиње, не постојат никакви услови за продолжување на наставата. Од раководството на училиштето, велат дека допрва во консултација со Министерствотото за образование, ќе се одлучува каде учениците ќе продолжат да учат. Во ова училиште следат настава 217 ученици во 13 парарелки. Неодамна овој училишен објект беше реконструиран.

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...