Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската имунизација на населението, против вирусот на грип.

Во Гостивар и во Тетово вакцинацијата се спроведува во службите на Центарот за јавно здравје.

Докторите велат дека вирусот кај ризичните групи може да предизвика сериозни последици. Затоа и ја препорачуваат оваа вакцинација. Според нив, може да се вакцинираат и најмладите, но по претходна концултација  со педијатар.

Во Македонија има 12000 вакцини против сезонски грип. Цената за една изнесува 400 денари.

 

Зоран Димовски

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...