Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот „Шеф“ за Ердоган

Во пресрет на референдумот за реформите на Уставот во Турција ќе биде прикажан биографскиот филм за претседателот Реџеп Тајип Ердоган под наслов „Шеф“. Премиерата на филмот „Шеф“ (на турски „Reis“) ќе се одржи на 3 март и тоа ќе биде прва екранизирана биографија на Ердоган, кој веќе започна кампања за претстојниот референдум.

Филмот финансиски чинеше осум милиони долари, што е значаен буџет дури и за турската индустрија на филмот која бележи силен раст.

Продукцијата ја потпишува новооснованата продукциска куќа „Kafkasor Film Academy“, на која ова практично ќе и биде прв филм.

Турскиот новинар и колумнист Мустафа Акјол за „Монитор“ наведува дека филмот многу повеќе е политичка пропаганда отколку класична биографска драма, јави Klix.ba.

Продуцентите веќе почнаа да го најавуваат и снимањето на филмот „Шеф 2“ и „Шеф 3“.

Турција на 16 април ќе одржи референдум за уставните реформи со кои претседателот би добил поголеми овластувања.

Додади коментар

Би те интересирало и

Хан: ЕУ мора да работи на нов пристап кон Турција

Европската унија мора да престане да ги следи активностите на Турција и да развие нов ...

Дачиќ денеска ќе ги каже причините за повлекувањето на српските дипломати од Македонија

Персоналот на амбасадата вчера беше повикан на консултации во Белград. РТС денеска ја потврди информацијата ...

Close