Во Прилеп до 17 часот гласале 71,71, во Долнени 56,23%

aracinovo_0

Објавениот податок на веб страната на ДИК за 100-нтно завршено гласање во избирачкото место 1350 во ОУ Гоце Делчев во Прилеп, по информацијата објавена од Канал 77 очигледно наиде на дополнителни проверки за неговата веродостојност. Но се испостави дека од избирачкиот одбор направиле грешка при доставата на информацијата, па стигна и корекцијата според која до 13 часот таму сепак гласале 200 од 336-те зпишани граѓани во избирачкиот список.

Инаку на ниво на Општина Прилеп до 17 часот излезноста, според пристигнатите податоци за 118 од 142-те избирачки места, е 71,71%, односно гласале 40.279 граѓани. Слична на Прилеп е и излезноста до 17 часот и во Општина Кривогаштани високи 78%, што е за 3 проценти повеќе од вкупната излезност на изборите пред 2 години, иако до крајот на изборниот процес има уште 2 часа од доставата на податоците.

Дека излезноста на денешните парламентарни избори е поголема од претходните изборни процеси говори и одзивот во Крушево, кој е најголем во регионот. Таму до 17 часот гласале 5.649 граѓани или 71,95% од вкупниот број запишани во избирачкиот список. Како и во текот на целиот ден најмала излезност има во Општина Долнени, до 17 часот гласале 6.340 граѓани или 56,23 % од граѓаните, што на пример е добри 10-тина проценти повеќе во однос на претходните избори.



Додади коментар

Би те интересирало и

По три години сопругата на Дуле, Љупка ја откри причината за смртта на пејачот

Три ипол години по смртта на пејачот Душан Љубисављевиќ – Дуле, неговата сопруга Љупка првпат ...

Кампања за заштита од дискриминација: „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно“

Кампања за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот ...

Close