Во Прилеп започна превентивната дезинсекција и дератизација – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Прилеп започна превентивната дезинсекција и дератизација

Прилепскиот Центар за јавно здравје  стартуваше со првите годинашни акции за спроведување на превентивната дератизација и дезинсекција на територијата на Општина Прилеп како планирани, систематски и долгорочни мерки кои ке се одвиваат во неколку етапи.

Превентивната дератизација ќе се спроведува во две етапи, пролетна во мај и есенска во септември и октомври, објаснува Драгица Николоска-ВД Директор на Ј.З.У. Центар за јавно здравје Прилеп, предупредувајќи ги граѓаните од опасностите за време на дератизациониот процес-контакт, преместување и отстанување на родентицидните мамци:

„Таа опфаќа низа на мерки и активности кое се превземаат со цел уништување на глодарите со користење на хемиски средства т.е. родентицидни мамци. Со превентивна дератизација ке биде опфатен  комлетниот канализационен систем на градот, со посебен акцент на објекти  од јавен карактер како детски градинки, училишта, здравствен дом,водоснабдителни објекти како и дивите депонии во општина Прилеп“.

Паралелно со дератизацијата, Центарот за јавно здравје од денес ја стартува и систематската дезинсекција со цел уништување на комарците, а која ќе се спроведува со  два вида на третирања, вели Николоска:

„Првата е ларвицидна дезинсекција која има за цел да го нарушат развојниот стадиум на комарецот т.е.делуваат на ларвената форма, при што спречуваат развивање на зрели адултни комарци. Таа ке се изведува до Септември, според претходно утврдена динамика и во зависност од степенот на инфестација на комарецот. Со неа ке бидат опфатени површини и места со стоечки води, одводни канали,блата,мучуришта како и други водени површини. Со цел избегнување на евентуални несакани последици ги информираме пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Втората е адулцидната дезинсекција која претставува сложена акција која има за цел уништување на возрасните форми на комарецот.Бара многу поголема внимателност во однос на дозирањето на средството како и личната заштита на изведувачите и месното население, а има далеку помал ефект од ларвицидната дезинсекција“.

Финансиските средствата за реализација на дезинсекцијата и дератизацијата во висина од околу 1 милион денари се обезбедени од Буџетот на Општина Прилеп.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...