Во Прилеп презентиран отворениот повик за млади истражувачи на Фондот за иновации и технолошки развој – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Прилеп презентиран отворениот повик за млади истражувачи на Фондот за иновации и технолошки развој

Во големата сала на Општина Прилеп во присуство на професори и ученици од прилепските учлишта преставниците на Фондот за иновации и технолшки развој го преставија јавниот повик во соработка со Министерството за образование „Предизвик за млади истражувачи“.

Присутните беа запознати со деталите на овој пилот проект на двете државни институции. Проектите треба да се од природните и техничките науки кои треба да соодветствуваат со наставните програми, изјави Неда Икономова-Гавриловска, претставник на Фондот за иновации.

-Сакавме да ги вклучиме основните и средните училишта од целата земја со цел поттикнување на креативно размислување, инвентивност, иновација и наука меѓу учениците, со вкупен буџет од 1,5 милион денари. Проектите треба да се засноваат на научен метод, да вклучуваат формулација, тестирање и потврда на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Очекуваме проекти кои ќе имаат видливи резултати. Максималниот лимит на средства е 300.000 денари за најдобрите проекти. Самите наставници кои ќе ги предводат најдобрите тимови ќе добијат награда од 30.000 денари.

Директорот на прилепската гимназија ,,Мирче Ацев,, Димче Настоски го подржува проектот и најави активно учество на професорите и учениците:

-Тоа ќе биде уште еден предизвик за нашите ученици да се докажат во областите од природните и техничките науки и со проекти, кои што мислам дека ќе бидат доста иновативни, ќе придонесат да се развие и стимулира желбата за напредување во овие области.

Јавниот повик официјално започна на 30 ноември и ќе трае до 15 февруари. Тимовите што ќе работат на истражувачките проекти може да бидат составени од 3 до 7 ученика и  максимум два наставника, а самите активности не смеат да надминат повеќе од 6 месеци.

 

Автор: Петар Димоски

Би те интересирало и

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, ...