Во Прилеп промовиран романот првенец „Овде или во вечноста“ на Билјана Тинтоска – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Прилеп промовиран романот првенец „Овде или во вечноста“ на Билјана Тинтоска

Синоќа во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше промовиран романот првенец на професорката Билјана Тинтоска „Овде или во Вечноста“.

Ова прво дело на Тинтоска наиде на голем прием кај читателската публика а за големиот интерес говори фактот дека салата на Градската библиотека  беше претесна да ги прими сите оние кои сакаа да бидат дел од промоцијата на овој роман, чија тема опфаќа семејни, социолошки, емотивни и религиозни димензии.

Тинтоска по промоцијата објасни дека станува збор за прозна творба, конципирана како становиште од две димензии. Едната димензија ја опфаќа раскажувач, инволвиран како директен учесник во настаните, а другата е набљудување од страна. Темата во романот е комбинирана

-Во романот зафаќам специфични социјални теми поврзани со човекови судбини, нешто што е можеби и актуелно а можеби измешано со некоја таинственост. Меѓутоа главниот фокус ми е љубовта како врвна, како величествена категорија, и исто така Бог како симбол на совршена љубов. Темата во романот е специфична по својата особеност со тоа што е многу ранлива, болна, меѓутоа резултира со плод на едно лично становиште за тоа како треба да се продолжи животот и каде всушност човекот го гледа своето суштествување, рече Тинтоска потенцирајќи дека идејата е зачната пред 10-тина години, колку што требало таа тематика да созрее во неа. На романот интензивно работела од мај до октомври минатата година и се надева дека овој нејзин текст ќе им биде поттик на младите генерации да ги запазуваат вистинските вредности и да се стремат кон совршена и вистинска љубов, која е мост меѓу минливото и вечното.

Промоторот на романот Лидија Ристеска истакна дека со романот на Тинтоска несомнено ќе се збогати македонската литература:

-Препорачуван на сите да ги отворат кориците на овој роман и да го прочитаат.Низ романот дефилираат прекрасни ликови со различни судбини, потресни за жал. Меѓутоа таа е реалноста. Романот навистина не збогатува сите и не облагородува. Во него постои раскажување, постои и директен говор и дијалози меѓу ликовите кои ги среќаваме низ романот.Со еден збор фантастично.

Билјана Тинтоска работи како професор по македоснки јазик и литература во СОУ „Ѓорче Петров“, а професионално е вљубеник во македонската реч,литертура и јазик, бидејќи е и ментор на драмската секција, а со литература се занимава од нејзинот дестството. Романот „Овде или во вечноста“набргу ќе се најде и на полиците на  Градската библиотекта „Борка Талески“ и ќе биде достапен за пошироката читателска публика.

Петар Димоски

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...