Во Прилеп ќе се одржи 18-та Меѓународна изложба на расни кучиња – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Прилеп ќе се одржи 18-та Меѓународна изложба на расни кучиња

Кинолошкото дрштво Прилеп во соработка со Кинолошкиот Сојуз на Македонија, претстојниот викенд на стадионот на Могилата ќе ја организира 18-та традиционална Меѓународна изложба на расни кучиња „CACIB Прилеп 2018“.

 

Љубителите на кинологијата години наназад знаат дека изложбите во Прилеп секогаш важат за едни од најдобро организираните и затоа се едни од најпосетуваните како од учесници така и од љубители на кинологијата од целиот Балкан.

За престојната дводневна изложба очекувањата се дека ќе бидат презентирани над 250 расни кучиња од земјава и странство, вели претседателот на Кинолошкото друштво Прилеп Марјан Тренкоски:

-Досега имаме пријавено кучиња од: Чешка, Полска, Унгарија, Грција, Србија…Ќе имаме навистина добра посетеност. Очекуваме бројчано учество на над 250 расни кучиња.

Како своевиден феномен одлгелдувањето на расни кучиња и воопшто на кучиња не само во Прилеп туку и воопшто зема се’ повеќе замав и од година во година се зголемува бројот како на одгледувачи така и на кучиња:

-Бројот на расни кучиња од ден на ден се зголемува. Не можам и јас да го објаснам овој феномен но навистина е така. Јас мислам дека никогаш досега во нашиот град немало толку многу расни кучиња кои се со одличен квалитет и добри познавачи на кинологијата во секој аспект.

Кинолошкото друштво Прилеп, како едно од водечките во земјава, може да се пофали и со фактот дека Македонија и Прилеп во ноември минатата година на Меѓународна изложба во Лајпциг(Германија), организирана од Светската кинолошка федерација, на која учествуваа 30 000 кучиња од цел свет, во конкуренцијата на  30 врвни прваци-шарпланинци од повеќе земји, шарпланнецот Дичо сопственост на Владо Каравилоски се здоби со титулата светски првак –најдобар шарпланинец во целиот свет. Тоа беше круна на успесите на Дичо кој претходно во Брно 2014-тта стана европски првак а во Женева една година пред тоа  и млад европски првак, додека одгледувачницата Каравилоски во 2015-тта година во Милано доби и титула млад светски првак за женка шарпланинец.

Од Кинолошкото друштво Прилеп ги покануваат сите љубители на кинологијата и на расните кучиња да ја посетат дводенвната изложба престојниот викенд во Прилеп и да уживаат во голем број раси кучиња од кои некои досега и  невидени во Македонија.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на ...

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе ...