Во програмата на РТРС се јави новинарка која таму работи на црно!

 

Емисијата „Српска денес“, емитувана вчера на програмата на РТРС, а во која се дебатираше за работата на црно, немаше да остане запаметена ако директно во програма не се јавеше новинарка, која на гостите во студиото им се пожали дека работи како хонорарец во телевизијата.

„Дали знаете дека токму во телевизијата каде гостувате сега, има толку многу нерегуларности, особено такви кои се однесуваат на договорите за привремена работа? Врз основа на тие договори смее да се работи само 90, односно 60 дена во годината, а ние работиме и по 8 или 9 години. Конкретно во мојот случај, две ипол години“, рече новинарката во вклучувањето во живо.

На прашањето на водителот Марко Вејиќ: „Како се викате вие?“, новинарката кратко одговори „Јас сум Ваша колешка. Благодарам Марко шти ми овозможивте да се јавам во оваа програма“.

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...