Во Словенија кампања за вакцинација поради пад на вакцинирано население – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Словенија кампања за вакцинација поради пад на вакцинирано население

За да спречат повеќегодишен тренд на намалување на вакцинирањето против заразни болести, во Словенија се размислува за зголемување на казните за родители кои избегнуваат или не сакаат да ги вакцинираат своите деца.

„Казните сега се од 200 до 500 евра. За зголемени парични казни за избегнување вакцинирање и за ограничувања за невакцинирани деца при упис во градинки се уште се расправа, бидејќи одлуката треба да се донесе во согласност со оние за кои се однесува“, изјави Мојца Гобец, шеф на управата за јавно здравје во Министерството за здравство.

Во Словенија веќе неколку месеци трае кампањата за потребата од вакцинирањето за да се прекине тој тренд за невакцинирање, што го зголемува ризик од епидемии и повторна појава на болест за која мислел дека се минато.

Би те интересирало и

Продолжува истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

Властите по итна постапка ја започнаа истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ – тврди косовскиот ...

Изненадувачка посета на Меркел во Софија

Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе ја посети на 20 јануари Софија по покана на бугарскиот ...