Во сообраќајка тешко повредено 7-годишно девојче, се бори за живот

Во сообраќајна несреќа што се слушила на 27 мај во 5.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај село Требеништа тешко е повредено 7-годишно девојче.

Сообраќајна незгода се случила кога Љ.К. (26) од Валандово, управувајќи автомобил поло, со валандовски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото кое излетало на левата страна надвор од патот, по што се превртело на кров.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумгодишна сопатничка од Валандово.

Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Охрид, од каде поради сериозноста на повредите била пренесена во Клинички центар Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа СВР Охрид.

Би те интересирало и

Се’ уште нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

МВР се’ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници ...

Тешко повреден работник додека сечел дрва

Додека сечел дрва со тешки телесни повреди се здобил 30 годишен жител од гостиварско Ново ...