Во Србија родено бебе од 350 грама – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Србија родено бебе од 350 грама

Во белградската Гинеколошко-акушерска клиника „Народен фронт” пред три недели беше родено девојче од 350 грама, кое е најмало новороденче што преживеало во Србија –  пишува „Блиц”.

Според директорката на ГАК, проф. д-р Снежана Ракиќ, здравствената состојба на бебето е добра. Девојчето е родено во 28-та недела.

– Застој во растот е доста редок случај, и се јавува поради бројни причини, а најчесто тоа е хипертензија, промена на постелката или генетски аномалии. Кај ова бебе се јави многу тежок застој. Бебињата се толкави обично под 20-та недела. Во 28-та недела, бебето треба да биде потешко од еден килограм, објаснува Ракиќ.

Ова е најмалото бебе родено во Србија, а досегашниот рекорд го држеше Вук, кој се роди истата болница во 24-та недела, а имаше само 470 грама. Вук денес има пет години.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...