Во тетовско има недостаток на берачи на малини – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во тетовско има недостаток на берачи на малини

Во тетовско има недостаток на берачи на малини, производ кој на плантажите последниве неколку години почнува да се засадува.

Добро платената работа не ги мотивира тетовци да се ангажираат во бербата на малини, иако овој регион има најголема невработеност во Македонија, според статистиката на Агенцијата за вработување.

Одгледувачот на малини Љупчо Ѓорѓески од село Јанчиште, вели дека дневницата за берење на овој производ е околу 20 евра. Малината се бере лесно само во утринските и попладневните часови, со цел да се избегнат големите горештини.

Досега од нашата плантажа имаме собрано околу 15 тони малини. Нивниот извоз е обезбеден и затоа малината преставува најдоходовен земјоделски производ, за еден тон малина добиваме околу 1500 евра, вели Ѓорѓески

Во тетовско Јанчиште има засадено околу 11 декари со малини. Насади со овој продукт има во селата Жилче, Требош и Желино. Според познавачите на приликите, во тетовско ќе се засадуваат нови површини со малини на сметка на традиционалното овошје тетовското јаболко, за кое нема извоз.

Би те интересирало и

Македонија ќе ги признае патните документи на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во ...

Средбата со министрите не ги предомисли синдикалците: Утре протест пред Владата

Утре напладне протест пред зградата на Владата, а внатре брифинг на владини претставници со новинарите ...