Во тетовско се расчистува теренот од невремето кое овој пат повторно го зафати селото Шипковица

shipkovica 1

Состојбата во селото Шипковица полека се нормализира после невремто кое повторно му се закани на ова село. Сепак работите на терен течат успешно во расчистување на карпите кои ги донесе разулавената Шипковичка река во минатогодишните поплави.

Карпата која се кршеше во текот на минативе два дена над селото Шипковица и која претставуваше закана за селото во невремето е расчистена и сега се работи на кршење и расчистување на карпите низ дворовите на куќите, а прооден е и патот кон село Бродец. Исто така регулиран е и текот на реката која тече низ село Шипковица со поставување на големи цевки ни објасни раководителот на ТППЕ Ука Алити кој информираше дека нивни екипи постојано се испраќаат во поплавените населби во Скопје.

Екипите на ТППЕ Тетово како и екипите на АРМ интервенираа и во училиштето во Шипковица кое единствено беше зафатено со поплава во понеделникот и штетите се санирани. За Шипковичани проблем во моментов претставува водата за пиење која е заматена и неисправна за пиење, па селаните се снаоѓаат со користење на флаширана вода за пиење. Со намалување на водостојот на реката во Голема Речица се забрзуваат и работите околу чистење на коритото .

Сепак проблем остануваат решеткастите брани на река Пена кои се во руинирана состојба и полни со дрвја и камења кое со невремето во саботата се насобра на овие и така во лоша состојба брани.

Експертите велат дека на овие брани треба да се посвети посебно внимание и истите да се исчистат и реновираат затоа што минатата година токму овие брани на река Пена спречија да катастрофа од невидени размери во Тетово. Заситеноста на земјата со вода е главната причина за појава на свлечишта кои се активираат за време на поројните дождови и затоа треба да се регулираат водотеците на реките вели геологот Багашов.

Општина Тетово ги информира земјоделците чии посеви беа зафатени со невремето штетите да ги пријават во Канцеларијата на Регионалната единица за земјоделие која се наоѓа во општинската зграда.

shipkovica 2 shipkovica

Би те интересирало и

Се’ уште нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

МВР се’ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници ...

Тешко повреден работник додека сечел дрва

Додека сечел дрва со тешки телесни повреди се здобил 30 годишен жител од гостиварско Ново ...