Во Хамбург продолжуваат апсењата поради насилните протести

Германската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите на улицата „Шултенблат“ во Хамбург, каде одржаните насилни протести против средбата на Г-20 можат да ги отежнат разговорите на светските лидери. Полицијата утринава соопшти дека само во една зграда биле уапсени 13 лица, а состојбата во квартот Шанценфиртел, каде што се одржуваат протестите, се смирува. Досега се приведени над 100 учесници во протестите.

На телевизиските снимки се забележува како полицајци влегуваат во зградите, а на небото кружат хеликоптери. За отстранување на барикадите, поставени од демонстрантите, биле употребени транспортери. Полицијата потврди дека била нападната од демонстранти вооружени со „молотови коктели“, метални прачки и камења, а околу 500 лица искршиле излози и ограбиле супермаркети и помали продавници.

Портпаролот на полицијата, Тимо Цил изјави дека е потресен од насилството, кое започна во четвртокот.

„Никогаш не сме се соочиле со толкаво ниво на омраза и насилство“, истакна Цил.

Локалната полиција побарала засилување од над 900 полицајци од другите градови на Германија, со цел да ја смири ситуацијата во Хамбург.

Во немирите се повредени 197 полицајци и десетици демонстранти. Според противпожарната служба, околу 60 граѓани биле пренесени во болница.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги осуди насилните протести и дивеењето на демонстрантите, нагласувајќи дека е „неприфатливо да се загрозуваат животите на луѓето“.

Во текот на денешниот, последен ден од средбата на Г-20, се очекува околу 100.000 луѓе да се приклучат на протсетите, кои се организирани на еден од плоштадите во Хамбург.

Додади коментар

Би те интересирало и

Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Украина е подготвена да му суди на српскиот режисер Емир Кустурица поради неговите повици за ...

Улилишта во Тексас ќе казнуваат со прачка!

Три училишта во американската држава Тексас се согласија повторно да воведат удирање со дрвена прачка ...

Close