Во Хрватска казна од 100 евра за неисчистен снег од возилата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Хрватска казна од 100 евра за неисчистен снег од возилата

Граѓаните во Хрватска согласно законот, не смеат да ги управуваат своите возила доколку не ги исчистат од снег – потсетуваат хрватските медиуми, откако поголемиот дел од земјата денеска осамна под снежна покривка.

Согласно Законот за безбедност во сообраќајот, во текот на зимата возачите во Хрватска се должни, не само да поседуваат зимска опрема, туку и своите возила да ги исчистат од евентуален снег.

Оние кои нема да ја почитуваат одредбата од Законот за чистење на возилата од снег, ќе треба да платат  парична казна од 700 куни (околу 100 евра).

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...