Во Хрватска се појави синтетичка марихуана која во Европа веќе однесе неколку животи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во Хрватска се појави синтетичка марихуана која во Европа веќе однесе неколку животи

Нова опасна дрога од групата синтетички канабиноиди, позната на пазарот како блу, пристигна во Хрватска.

Станува збор за психоактивна супстанција од групата синтетички канабиноиди. Се продава како хербална мешавина во црно-жолти пластични пакувања. Дрогата е дизајнирана да ги имитира ефектите на канабисот, но е многу поопасна.

При консумирање на дрогата се јавуваат симптоми на труење, вртоглавица, брзо чукање на срцето, гадење, повраќање, болки во градите, зуење во ушите, главоболка… Во случај на прекумерно консумирање може дури да предизвика смрт.

Дрогата веќе има однесено неколку животи во Европа.

Меѓу новите психоактивни дроги што се појавија во меѓународниот пазар најмногу се присутни синтетичките канабиноиди кои се значително потоксични, а злоупотребата е поврзан со многу труења, па дури и смртни случаи. Овие дроги се познати под имињата спајс и К2.

Новите психоактивни супстанции се пронајдени кај производи кои на пазарот се продаваат како замена за лекови, како што се на пример бензодиазепините.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...