Во Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување има повеќе вработени отколку во најголемата Џонсон Мети

Фото: Архива
Фото: Архива

Ако подетално се разгледа предлог Буџетот за 2016 година, поточно како и кој ги троши парите кои државата ги собира државата од граѓаните и фирмите, можат да се најдат еден куп апсурди кои директно посочуваат зошто економијата и приватните компании слабеат, додека администрацијата е преполна со вработени – пишува Капитал.

Еве еден од тие апсурди. Во Македонија постојат две тела кои се имаат навидум иста работа, односно се задолжени да управуваат со кризите, проценка на ризиците од несреќи и катастрофи, заштита и спасување на луѓето и материјалните добра… Едната е Дирекција за заштита и спасување, а другата е Центарот за справување со кризи.

И покрај тоа што Македонија и нејзините граѓани секоја година трпат огромни штети од природни непогоди, како поплави, пожари и слични, овие тела трошат големи државни пари и во нив се вработени луѓе колку што немаат вработени 99% од сите приватни компании во земјава. На пример Дирекција за заштита и спасување има годишен буџет од 4,1 милион и во неа се вработени 288 луѓе. Во Центарот за справување со кризи, пак, се вработени дури 326 вработени и тој годишно троши 2,5 милиони евра државни пари.

Во компанијата Џонсон Мети која е најголем извозник, и иствремено најголема и најпрофитабилна компанија, на крајот на 2014 година работеле 534 луѓе
Во компанијата Џонсон Мети која е најголем извозник, и иствремено најголема и најпрофитабилна компанија, на крајот на 2014 година работеле 534 луѓе

Колку за споредба во овие две тела се вработени 614 луѓе, што е повеќе отколку што најголемата и најпрофитабилна компанија во земјата Џонсон Мети вработува во двете фабрики заедно (534 вработени на крај на 2014 година), повеќе отколку што се вработени во фабриката за производство на автобуси Ван Хол каде на крајот на 2014 година работеле 485 луѓе, и многу повеќе од многу други големи индустриски и извозни капацитети во земјава.

Ова е само уште еден показател за тоа колку е голема превработеноста во државните институции, чиј број според последните неофицијални информации надминува 150 илјади.

 

Текстот е објавен во Капитал на 15 октомври 2015.

Би те интересирало и

Бугари го купија Фени, сите вработени остануваат на работа

Се надминаа проблемите, сите работници остануваат на работа со статусот што го имаа, а комбинатот ...

Се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството

Во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ...