Во Штип утре ќе гласаат болните, изнемоштените и осудениците

Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип го доби изборниот материјал за гласањето во вториот круг на локалните избори за избор на градоначалник на таа општина.

Претседателката на ОИК – Штип, Сенка Андреева изјави дека според избирачкиот список, во Штип право на глас имаат 42.083 граѓани.

– Утре своето право на глас ќе го остварат болните и изнемоштени лица. Имаме некаде околу 138 болни за разлика од првиот круг кога имавме 88 сега имаме плус 50. Почнувајќи од осум часот избирачките одбори ќе ги земаат материјалите за гласање, рече Андреева.

Таа додаде дека утре на гласачкото место во Затворот во Штип своето право на глас ќе го остварат и оние осуденици во чии општини има втор круг за избор на градоначалник. Андреева порача дека очекува штипјани да гласаат во фер и демократска атмосфера.

Би те интересирало и

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Индиската убавица, Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година. Во ...

УНИЦЕФ: Јемен ќе остане без гориво и вакцини за еден месец

Портпаролката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Јемен, Маритксел Релањо, денеска предупреди дека резервите ...