Во што да инвестирате во случај на нова глобална рецесија?

Иако Европа дури сега излегува од кризата која започна пред десетина години, глобалната економија уште во 2010-тата година излезе од рецедија и продолжи со раст.

Ова значи дека моменталниот економски полуциклус трае веќе седум години, што е надпросечно долго. Всушност, во последните 80 години, економијата на САД во просек расте 5-6 години, после тоа доаѓа до рецесија која трае година до две.

За време на рецесија доаѓа до голем пад на цената на акциите, уделите во инвестициските фондови, но и каматните стапки, па штедењето во банки воопшто не се исплатува како што е во добрите економски времиња.

Со оглед на фактот дека светот порано или подоцна повторно ќе падне во економска криза, би требало да размислиме во што е најдобро да се вложи личниот капитал.

Валути

Неколку валути имаат статус на сигурно засолниште во несигурни времиња, а тие се американскиот долар, швајцарскиот франк и јапонскиот јен. Поради зголемената побарувачка во време на економска или политичка криза, вредноста на овие валути значајно им расте, при што би можеле да профитирате. Американскиот долар јакне поради ставот на големите инвеститори на финансиските пазари дека поради големината на економијата, политичката и воената моќ, американската економија најлесно излага од кризата. Швајцарскиот франк јакне поради стабилната економија и довербата во банкарскиот систем, додека јапонскиот јен зајакнува поради извозно ориентираната економија која би требало полесно да ја преброди економската криза од повеќето земји.

Балородни метали

За време на економска криза, како по правило паѓа довербата во банките, а понекогаш дури и до банкрот на дел од банките, при што штедачите би изгубиле дел или целокупната своја заштеда. Поради тоа, дел од инвеститорите, но и јавноста, преферира својот капитал да го префрли во благородни метали, како што се злато и сребро, кои низ историјата се докажале како релативно добра форма на зачувување на вредноста. Врз основа на големата побарувачка и ограничената понуда, вредноста на цената на благородните метали на почеток на кризата рапидно се зголемува, при што може да се оствари профит.

Аналитичарите веруваат дека засега не постојат индикации за нова глобална криза, така што следните години се очекува економски раст.

Преземено од: Денар.МК

Би те интересирало и

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупното кредитирање на фирмите и на граѓаните во септември е намалено за 0,3 отсто, но ...

Бугари го купија Фени, сите вработени остануваат на работа

Се надминаа проблемите, сите работници остануваат на работа со статусот што го имаа, а комбинатот ...