Во јавниот сектор во Македонија има 139.009 вработени – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во јавниот сектор во Македонија има 139.009 вработени

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 139.009 согласно состојбата до 31 декември 2017 година, изјави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, презентирајќи го Годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор.

Истакна дека вкрстената анализа на МИОА, Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Македонија има 1.299 институции во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица.

За разлика од овие бројки, рече Манчевски, Регистарот на вработени во Информатичкиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), што треба да е основен извор на овие податоци покажува различна слика, односно 1.304 институции и 69.380 активни решенија. Причина за ова, додаде, е нередовното и не соодветно внесување и ажурирање на податоците во Регистарот.

Додаде дека по завршувањето на законски предвидениот рок од три месеци, за внесување на сите податоци во Регистарот по што ќе следи санкција со не исплаќање на плати, конечно, како што кажа, ќе имаме Регистар кој ќе одговори на задачата за која што во 2014 се платени два милиони евра.

Според него, за разлика од бројките заклучно со декември 2016 има намалување на бројот на вработени во јавниот сектор за 951 и по повеќе децении се забележани надолни трендови во вкупниот број на вработени во јавниот сектор.

Посочи дека причина за оваа помала бројка е природниот одлив, или преку пензионирање или преку одлив во приватен сектор, и оти вработувањата се вршат врз основа на потребите на институциите, а не преку партиските потреби.

Инаку, во 15 од институциите нема ниту еден вработен, а дополнителните анализи и реформи ќе ја покажат оправданоста на постоењето на институциите, како и дали, кои и колку ќе се укинат, спојат во една…

Најмногу вработени има во секторите образование и здравство. Во поглед на половата застапеност во јавниот сектор 54 проценти се жени, а 46 отсто се мажи. Според етничката припадност Македонци има 82.375 или 75,36 проценти, Албанци 21.112 или 19,31 отсто, Турци 2.012 односно 1,84, Роми 1.245 или 1,14, Срби 994 односно 0,91, Бошњаци 429 или 0,39 отсто, Власи – 408 или 0,37 проценти.

Просечната возраст во јавниот сектор изнесува 45,85 години, односно најмногу вработени има меѓу 46 и 55 години, односно 32,81 отсто.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Вработените во „Еурокомпозит“ повторно го блокираа патот Градско-Прилеп

Дел од вработените во прилепскиот загубар-државната компанија „Еурокомпозит“ денес со нови протести. Во временскиот интервал ...

Полимерни банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај

Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска ...