Во јули првите договори за средства од третиот столб од Планот за економски раст – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Во јули првите договори за средства од третиот столб од Планот за економски раст

Над сто компании досега аплицирале  за средства од третиот столб на владиниот План за економски раст – за ова денеска информираа од Фондот за иновации и технолошки развој.

Единаесетти јуни е крајниот рок до кога компаниите можат да аплицираат за третиот столб од Планот за економски раст. Од Фондот за инвоации и технолошки развој очекуваат дотогаш да аплицираат околу 200 компании. Директорот на фонсот, Јован Деспотовски вели дека засега најголем интерес има за третата мерка – финансирање трошоци до 70 отсто за иновации, нови продукти и услуги, од идеа до пласман, за што се предвидени 20 милиони денари и за четвртата мерка – стручно усовршување на млади до 29 години во некои од компаниите во западните земји.

Деспотовски најавува дека селекцијата на проектите на компаниите ќе се прави според однапред објавени критериуми.

Од Стопанската комора пак, најавуваат инфо сесии со компаниите од внатрешноста на земјава во следните две недели.

Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора очекува компаниите да поставуваат конкретни прашања и заеднички да ги детектираат проблемите со кои се соочуваат при евентуалното пополнување на проектните апликации.

Мерките од третиот столб се отворени за сите микро, мали и средни претпријатија.

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево со писмено соопштение реагираше на денешните изјави на вицепремиерот, ёКочо Анѓушев и ...

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

  Со изградба на крупни инсфраструктурни проекти и одржливост на јавниост долг до зголемена ефикасност ...